Македонија
21. July 2025 - 16:49

Мицкоски повика трагедијата во Кочани да не се користи за ситни политички поени

Премиерот, Христијан Мицкоски, повика трагедијата во Кочани да не се користи за ситни политички поени, откако родители на загинатите тврдеа дека на средбата во владата, тој побарал да си одредат цена за нивните деца. Одговорајќи на новинарско прашање, дали постои снимка од средбата, Мицкоски темата ја препушти, на како што рече, политиките глодари.

„Јас сочувствувам со родителите. Ве молам да ја оставиме таа тема на тие луѓе што навистина чувствуваат голема болка, а не што сакаат ситни политички поени, да добиваат од тоа“ – Христијан Мицкоски, премиер 

Здружението на граѓани 16 март, минатата недела објави дека на 7 ми овој месец се одржала средба во владата на која биле присутни премиерот и родителите на загинатите во кочанската дискотека. Тврдеа дека наместо поддршка, добиле понижување, а посебно ги погодил односот за нивното барање за еднократна парична помош. Побараа и објавување на снимката од средбата со премиерот.

Во меѓувреме, предметот за 34та обвинети ја чека оценката на судот. Обвинението е веќе во раце на адвокатите кои имаат право на приговор. Предметот ќе се суди во скопскиот кривичен суд, а надлежност доби и Јавното обвинителство во Скопје. Со обвинението опфатени се поранешни градоначалници на Кочани, министри од економија, директори на ДЗС, сопствениците на дискотеката, членови на обезбедувањето. Сите се обвинети за тешки дела против општата сигурност.