Преживеала пекол: Роди дете на 12 години откако нејзиниот брат ја силувал, но најтешкото следувало подоцна
Девојката која во 2006. година родила дете, откако нејзиниот брат ја силувал и на 12 години станала најмлада мајка во Велика Британија, денес има 24 години, а во октомври минатата година повторно станала мајка.
Во моментот кога ќерката Аријана прв пат ја земала на своите гради, Треса Мидлтон имала помешани чувства: неизмерна радост, но и тага по девојчето кое морала да го даде на посвојување кога имало само две години.Фактот што нејзиниот брат ја силувал бил вистински хорор, но за неа е најтешкото искуство тоа што морала да се одвои од детето и да го даде на други.
И таа признава дека мајчинството по втор пат во исто време било и горко и слатко искуство.
-Почувствував чиста среќа во моментот кога Аријана се роди. Бидејќи, имаше моменти кога мислев дека никогаш нема да имам друго дете, признава Треса.
-Но, во исто време чувствувам и вина. Бидејќи Аријана е со мене, а постарата ќерка не е, вели таа и додава дека нејзината ќерка секогаш ќе знае дека има постара сестра.
-Уште сега и зборувам за тоа, иако не ме разбира, вели таа.
Најголема желба на Треса е Аријана да има нормално детство, и да знае дека е сакана и безбедна.
Таа самата тоа го немала. Нејзината мајка Треси Талонс била алкохоличарка и зависник од дрога.
Нејзиниот брат Џејсон почнал сексуално да ја вознемирува кога имала 7 години, а четири години подоцна останала бремена по силување
Ново на Сител
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
-
ДУИ и ВРЕДИ со реакции по одлуката на Уставен за Медресата во Кондово