Презентирани мерки за прилагодување на лозарството кон климатските промени
Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени денеска во неготинско демонстрираше неколку земјоделски мерки за прилагодување на лозарството кон климатските промени кои изминативе три години ги тестираше кај трпезното грозје.
Oд канцеларијата за комуникации на УСАИД соопштија дека на едно од нивните опитни полиња, поставено во лозов насад, сопственост на Васка Мојсовска од Неготино ги собрале земјоделците и советниците на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
Тимот на проектот и проф. д-р Климе Белески, технички експерт на проектот за лозарство, укaжаа на некои од стратегиите за прилагодување на земјоделското производство кон климатските промени, како што се употреба на УВ заштитни мрежи, аплицирање на калциум карбонат и Т-систем на кроење, кои се употребуваат за заштита на лисната маса и плодовите од сончеви изгоретини. Беше демонстриран и процесот на аплицирање Калциум карбонат во лозов насад.
Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, почна да се спроведува во април 2012 година од страна на Мрежата за рурален развој на Република Македонија. Целта е да им помогне на земјоделците да го зачуваат нивото на приход преку намалување на штетите предизвикани од промените во животната средина.
Проектните активности се фокусирани во медитеранската зона, вклучувајќи го Вардарскиот регион со делови од струмичко и гевгелиско – земјоделско богати области кои се под најголемо влијание од климатските промени.рп/бак/17:15
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран