-->
-->
Презентиран мониторинг извештајот „Реформи во судството – од Прибе 1 до Прибе 2 и потоа“
-->

- Кога станува збор за судството не може да се очекува реформите да бидат направени за многу кратко време. Заробената држава толку години била во една таква состојба да сега и да се сака одма нешто да се направи е невозможно. Можам да кажам дека има голема волја и ентузијазам за работа од сите страни и оти реформите ќе бидат направени во еден малку подолг процес особено во делот на она што значи Судскиот совет, неговите одговорности и надлежности и се она што би водело кон овозможување на независност и непристрасност во судството.
Ова го изјави Маргарита Цаца Николовска, претседател на Институтот за човекови права и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права на денешната презентација на првиот мониторинг извештај „Реформи во судството – од Прибе 1 до Прибе 2 и потоа“ .
Во однос на Извештајот на Прибе и детектираните слабости во судството, според Цаца Нинколовска, најголем проблем има во Судскиот совет и во дел од судиите коишто постапувале по предмети.
- Проблемот е во тоа што на некој начин има голема пречка во оценување на тоа кој и на каков начин неодговорно и несовесно се однесувал. Тие работи неможе така брзо да се решат. И мислам дека со изборот на државниот јавен обвинител ќе се отвори простор за поголеми можности за реагирање и за евентуално покренување на соодветни постапки како од Обвинителството, така и од другите органи вклучувајќи го и Здружението на судии кое што си зема за задача да почне да се реагира од внатре, рече Цаца Николовска.
Таа посочи дека се уште нема видено некакви реакции од внатре по однос на постапување од страна на судиите и упати апел пред се до Судскиот совет и до сите оние коишто, вели, имаат доблес да го прочитаат Извештајот на Прибе и Планот 3-6-9 на Владата и сами да се повлечат од она што значи несоодветно постапување и ненезависно постапување од страна на лицата коишто ја извршуваат судската функција, а и од оние лица коишто ја оценуваат работата на извршување на судската функција.
- Поконкретно очекувам и членовите на Судскиот совет да имаат доблес и да размислуваат во оваа насока, порача судијката Цаца Николовска која е и потпретседателка и судија на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.
Мирослав Драганов, извршен директор на Институтот за човекови права од аспект на транспарентноста на Судскиот совет оцени дека таа се зајакнува во периодот по септември 2016 година, а по првпат е воспоставена и пракса при изборот на в.д. претседател на Основниот суд Скопје еден кога беше назначен од редовите на судии од Врховен суд, како и при изборот на претседател на Врховен суд кога кандидатите за претседатели беа поделени во три засебни листи без никакво образложение.
- Во однос на Советот на јавни обвинители како заклучок може да кажеме дека од 1 јуни 2015 заклучно со 30 септември 2017 година избрани се тројца судии во Јавното обвинителство на РМ, четворица во вишите јавни обвинителства, 15 јавни обвинители се избрани во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и спречување на корупција. Во овој цел период се разрешени 21 јавен обвинител при што двајца се именувани на други функции, а притоа интересно е што ниту еден од овие јавни обвинители не е разрешен поради несовесно и нестручно вршење на својата функција ниту поради покрената дисциплинска постапка за сторена потешка дисциплинска повреда. Од друга страна пак во периодот 1 јули 2015-1 јули 2017 година се поднесени 145 претставки и поплаки од страна на граѓани и други субјекти, но ниту една од нив не била основ за сомневање во насока на покренување дисциплинска постапка против кој било јавен обвинител, вели Драганов.
Ива Цоневска од Институтот за европска политика се осврна на работата на Академијата за судии и јавни обвинители при што во мониторинг извештајот се посочува дека ова тело го подобрило квалитетот на своите обуки, добило зголемен буџет за 2016 година за 30 проценти во однос на 2015 година, но оти тоа не е доволно. Како што посочи Цоневска, ваквиот буџет на Академијата треба да биде зголемен со оглед на фактот дека дел од обуките и активностите се финансираат со помош на странски донатори. Во мониторинг извештајот се препорачува Академијата да го подобри квалитетот на почетните обуки и на обуките за поблавјето 23 и 24 како клучни за претпристапните преговори со ЕУ.
Зоран Дранговски претседател на Македонското здружение на млади правници во однос на препораките на Извештајот на Прибе се фокусираше на извршувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права при што следена е работата на Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП, како и делот на работата на меѓуресорската група која што е задолжена да го следи процесот на извршување на пресудите против РМ.
- Иако во Извештајот на Прибе беше сугерирано да се зголемат активностите на меѓуресорската група забележавме дека тие беа намалени. Во 2015 се одржани само четири состаноци, во 2016 еден и во 2017 исто така еден состанок кој е одржам само пред месец дена што е загрижувачки затоа што голем број на пресуди од ЕСЧП против РМ чекаат да бидат извршени, рече Дранговски.
Првиот мониторинг извештај „Реформи во судството – од Прибе 1 до Прибе 2 и потоа“ е изработен во рамките на проектот „Заедничка акција за итни реформи во судството“ кој е реализиран од страна на Институт за човекови права(ИЧП) како носител на проектот, во соработка со Македонско здружение на млади правници(МЗМП) и Институт за европска политика(ЕПИ).
Овој мониторинг извештај е базиран на итните реформски приоритети, од јуни 2015 година, во делот на владеењето на правото и судството – сектор правосудство (кои за основа го имаат Извештајот на експертската група, предводена од Рајхард Прибе, од 2015 година), и на Вториот извештај на Прибе, од септември 2017 година. Прибирањето на податоците главно е базирано на изработената Методологија за следење на институции од правосудниот систем на Република Македонија со цел идентификување на реформите кои беа утврдени како приоритет (ИРП).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите
-
Ѓорѓиевски: Нашата единствена опција е да одиме напред кон поврзаност, иновации и знаење
-
Над 100 лица уапсени во септември поради поседување на дрога
-
Министерство за образование на Србија: МВР изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни
-
79-годишен дедо од Велес е прво лице во земјава кое ќе издржува куќен затвор со електронска алка
-
Дожд, снег и ниски утрински темеператури
-
Кривична за членка на Судски совет - за патни трошоци го оштетила буџетот во износ од 291.040 денари
-
Претреси во Ѓорче, пронајдена поголема количина кокаин и марихуана