Македонија
10. May 2018 - 8:43

Презентација на Третиот мониторинг извештај „Реформи во судството - јануари - март 2018“

Презентација на Третиот мониторинг извештај „Реформи во судството - јануари-март 2018“ и на проектот „Заедничка акција за итни реформи во судството“ ќе се одржи денеска во Скопје. 

Наодите ќе ги презентираат Мирослав Драганов, извршен директор на Институт за човекови права, кој ќе се осврне на работата на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Ива Цоневска, проектен соработник во Институтот за европска политика (ЕПИ) при презентација на наодите фокусот ќе го стави на објавувањето на судските одлуки и работењето на Академијата за судии и јавни обвинители.

Ангела Шумкоска, проектен соработник во Македонско здружение на млади правници (МЗМП), пак ќе се осврне на решавањето на „стари предмети“ во судовите и извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права во РМ.