Презентација на опремата од воената вежба „Одлучен удар 19“
Возила, вооружување и опрема која се употребува на заедничката воена вежба „Одлучен удар 19“, на која учествуваат околу 2.700 војници од нашата армија и армиите на САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора, денеска ќе бидат презентирани пред граѓаните на Свети Николе.
Присутните на градскиот стадион во Свети Николе од 18:00 до 21:00 часот ќе имаат можност преку директна комуникација поблиску да се запознаат со опремата, постапките и процедурите кои ги извршуваат припадниците на армиите учеснички на оваа досега најголема воена вежба кај нас.
Воедно ќе можат да го проследат фудбалски натпревар помеѓу локалната самоуправа и екипа од припадниците на армиите кои учествуваат на вежбата, а за време на настанот над стадионот ќе има прелет од армиски хеликоптери МИ-18 и УХ-60.
Вежбата која повеќе од еден месец ќе се изведува на армискиот полигон „Криволак“ има за цел зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците од составот на армијата, подобрување на интероперабилноста и унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.
Ново на Сител
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава