Презентација на извештајот „Омбудсманот - меѓу граѓаните и институциите“
Мониторинг извештајот „Омбудсманот меѓу граѓаните и институциите“ денеска ќе биде презентиран во Струмица во организација на НВО Инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.
На настанот ќе бидат презентирани наодите од мониторингот на работата на Народниот правобранител и од фокус-групите организирани со новинари и граѓански активисти од Струмица, Штип, Битола, Тетово и Скопје.
На презентацијата ќе говорат народниот правобранител Иџет Мемети, заменик-народниот правобранител во Регионалната канцеларија во Струмица Славчо Тимов, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска, извршната директорка на НВО Инфоцентар Билјана Бејкова и новинарката Гордана Дувњак.
Во рамки на презентацијата ќе има и дискусија: Дали и како Омбудсманот ги штити граѓаните и нивните права пред државните институции?, Дали граѓаните го препознаваат Омбудсманот како свој заштитник?, Дали државните институции постапуваат според укажувањата на Омбудсманот? и Дали Омбудсманот има репутација на силна, авторитетна и независна институција во јавноста?
Настанот се реализира во рамки на проектот „Граѓански мониторинг на народниот правобранител“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.
Ново на Сител
-
Ноќеска тишина го обви Штип - „Ѕвездено небо“ за загинатите во Кочани
-
Збогум Буково - Приоритет заштита на животната средина
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто се скапи земјоделските производи? Кој заработува на грбот на земјоделецот?
-
22-ри „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Марјан Николовски, професор на Факултет за безбедност
-
Подметнат пожар во автосервис во близина на „Стаклара“
-
Мицкоски: Пожарите доаѓаат од центри на моќ за да сејат страв, идентификувани се 20 лица