Презентација на документи произлезени од првиот Форум за јавни политики
Фондацијата „Фридрих Еберт“ - канцеларија Скопје, во соработка со Прогрес - Институт за социјална демократија, ќе презентира три документи од областа на образованието произлезени од првиот Форум за јавни политики - проект инициран оваа година.
- Првиот Форум за јавни политики се фокусираше на образовните политики во сите степени на образование и понуди целосни и кохерентни решенија. Преку континуирана работа во текот на годината, експертска поддршка, споделување практични искуства и континуиран дијалог со сите релевантни чинители од академската и професионалната заедница, учесниците на Форумот добија можност за подлабоко проникнување во образовниот систем во Македонија и креирање предлози и документи за политики на теми на кои тие самите ги издвоија како приоритет во сферата на реформите во образованието во Република Македонија, соопштија организаторите.
Целта на проектот Форум за јавни политики е да обезбеди платформа за развој и промоција на јавни политики во различни општествени сфери во духот на вредностите на социјалната демократија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии