Презентација и анкета за урбанистичките планови за четири населени места во Дојран
Градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов денеска донесе решение за одржување јавна презентација и спроведување јавна анкета за урбанистичките планови за населените места Николич, Црничани, Фурка и Ѓопчели во општина Дојран.
Од општина Дојран соопштија дека урбанистичките планови ќе бидат изложени на огласната табла во зградата на општината и на јавни места, поточно на излозите од трговските дуќани во центрите на населените места.
Почнувајќи од денеска јавната анкета ќе се спроведува наредните десет дена, заклучно со 28 декември, кога ќе се изврши и јавното презентирање на урбанистичките планови за Николич, Црничани, Фурка и Ѓопчели.
Во наведениот термин сите заинтересирани физички и правни лица од конкретните подрачја опфатени со урбанитичките планови можат да учествуваат во јавната анкета исклучиво преку анкетни листови на кои ќе ги достават своите мислења, забелешки и предлози.
Ново на Сител
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука