Преземени 21.500 тони тутун, просечната цена 196 денари

Претпријатијата кои откупуваат тутун почнаа со затворање на некои од пунктовите зашто го завршија преземањето на договорените количини.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), во вторникот, 31 јануари, речиси 1,5 месец пред истекувањето на законскиот рок за откуп, 15 март, беше затворен пунктот Калуѓерица на Сокотаб Битола, а во петокот, 3 февруари, затворени се и Јаргулица во Радовиш, како и Иванковци во Велес на Алијанс 1.
- Тутунот од реколта 2016 се откупуваше на 130 пунктови, а затворањето на некој откупен пункт значи дека во тоа место е преземен целиот тутун. Доколку некои тутунари дополнително пријават дека имаат уште количество, тогаш, според Законот, откупното претпријатие одредува ден кога ќе го отвори пунктот за да го преземе преостанатиот тутун, информира МЗШВ.
До крајот на минатата недела деветте откупувачи преземаа вкупно 21.564 тони тутун или 1.500 тони повеќе од првичните проценки за реколтата 2016, според кои се очекуваше да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Просечната откупна цена е 196,07 денари за килограм, а исплатата е 89 реализирана. Префрлени се 3,744 милијарди денари.
- Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари за килограм, што значи дека производителите просечно добиваат по 256 денари за килограм, наведува Министерството.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов директор на ДЗС
-

Келог: Мировниот договор за Украина е „На последните 10 метри“
-

УЈП: Секоја четврта фирма не издава фискални сметки
-

ВМРО-ДПМНЕ најавува промени - СДСМ очекува предвремени избори
-

ВМРО-ДПМНЕ негира дека ќе се градат бегалски кампови, СДСМ тврди дека се подготвува национално предавство
-

Потребно е итна реформа на студиските програми според потребите на пазарот на труд
-

Младиот кадар, најголем дефицит во комуналниот сектор
-

Охрид ќе развива циркуларен туризам
