Македонија
30. May 2025 - 19:50

Превирања помеѓу народот и црквата

Предлогот на Архиепископот Стефан за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија да биде јеромонахот Георгиј предивика низа реакции во јавноста.Предлогот бил доставен до членовите на Синодот, а седницата за избор е закажана за 12 јуни оваа година.

Отец Георгиј е поранешен декан на Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ и поранешен амбасадор во Ватикан. Замонашен е на 27 мај, следниот ден, 28 мај е избран за јероѓакон, а денеска за јеромонах.

Освен гласот на народот одекна и гласот на стручната фела.

Професорот Александар Спасеновски осврнувајќи се на ова прашање реагира со статус на Фејзбук на кој пишува дека изборот на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија треба да биде момент на заедништвото и на радост а наместо тоа, добиваме нетранспарентност, молк и една крајно чудна постапка: шест месеци без ниту едно официјално соопштение; без вклучување на верниот народ; и на крај само еден кандидат, предложен во последен можен момент.

-МПЦ-ОА има Устав. Во член 73 јасно се наведува: Епископ се избира од редот на монаштвото кој не е помлад од 30 и не е постар од 60 години, има богословско образование и го краси добар глас помеѓу верниците и свештенството. Владиката Партениј не само што ги исполнува критериумите, тој на свој начин сведочи за нив со години. Ретки се монасите што со толкава посветеност останале на едно место и уште поретки се духовните водачи чие дело се гледа и во Црквата и надвор од неа. Неговото присуство е веќе длабоко впишано во животот на Дебарско-кичевската епархија. Овој избор нема да помине без последици, не само затоа што се заобиколува Владиката, туку и затоа што процесот беше затворен, нетранспарентен и, уште полошо, неискрен и злонамерен, пишува Спасеновски.

Поддржувачи на Епископот Партениј од Охрид денес на градскиот плоштад ќе одржат мирен собир во знак на поддршка и благодарност за неговото духовно, културно и општествено влијание и придонес во развој на Дебарско-кичевската епархија.