Превентивно превривање на водата за пиење во Македонска Каменица
ЈП „Камена Река“ од Македонска Каменица ги информира граѓаните да ја превриваат водата за пиење пред употреба поради заматувањето кое е резултат на активирањето на повеќе извори за водоснабдување.
Како што посочуваат од ЈП „Камена Река“, општина Македонска Каменица се соочува со намален доток на вода во водоснабдителниот систем, поради што се активирани повеќе изворни места, а при тоа е можно да дојде до локални заматувања.
- Иако досегашните анализи покажуваат дека водата одговара на правилникот за вода за пиење, сепак, како превентива, ЈП „Камена Река“ излегува со времена мерка - водата пред консумирање да се преврива 10 минути. Оваа препорака важи до стабилизирање на состојбата. ЈП „Камена Река“ презема активности и очекуваме во најскоро време целосна стабилизација, истакнуваат од ЈП „Камена Река.
Поради значителното намалување на водните резерви во базените со вода за пиење, во Македонска Каменица е воведена рестрикција на водата во системот. Во периодот од 16 до 20:30 часот водата се сопира наизменично во однапред определени реони од градот.
Од ЈП „Камена Река“ апелраат до граѓаните за рационално користење на водата.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот