Превентивни активности на МВР за заштита од пожари, побезбеден сообраќај...
На подрачјето на Секторите за внатрешни работи Битола и Штип продолжија превентивните активности на полициските службеници насочени кон темите од областа на безбедноста во сообраќајот, заштитата од пожари на отворено, како и во рамки на кампањата „Слави со срце, не со оружје“.
На подрачјето на СВР Битола, односно во Прилеп, информираа денеска од МВР, во основното општинско училиште „Кире Гаврилоски“ и во Крушево биле спроведени сообраќајни превентивни акции наменети за децата, како и за возачите, а пак во Демир Хисар превентивните активности биле посветени на заштита на шумите од пожари.
Во Штип, пак, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во угостителските објекти на подрачјето на градот реализирале активности во врска со кампањата „Слави со срце, а не со оружје“, додека во Берово, поточно во викенд населбата Абланица и околу Беровското езеро биле спроведени превентивни активности.
Ново на Сител
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош