Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај
На подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес, Скопје и Штип вчера биле реализирани превентивни активности во делот на безбедноста во сообраќајот.
Како што соопшти денеска МВР, полициските службеници од овие Сектори за внатрешни работи во градовите Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Кавадарци, Скопје и Пехчево, а во соработка со РСБСП, разговарале со граѓаните и возачите на теми од областа на сообраќајот кои што се исклучително важни за поединечната и општа безбедност во сообраќајот.
Превентивните активности, како што посочуват од МВР, се во рамки на повеќето сообраќајно-превентивни кампањи: „Алкохол и волан - најлоша комбинација“, „Користи зимска опрема“, „Вози одговорно- прилагоди ја брзината“, „Не користи мобилен кога возиш“,„И јас и ти сме пешаци“, „Безбедноста на прво место“, како и „Паркирај совесно и одговорно“.
беше апелирано до граѓаните, во интерес на минимизирање на ризиците, за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, а воедно беа делени едукативни летоци со информативни содржини од посочените области.
Воедно било апелирано до граѓаните, во интерес на минимизирање на ризиците, за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, а биле делени едукативни летоци со информативни содржини од посочените области.
Ново на Сител
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија