Превентивна теристичка дезинсекција и дератизација во општина Новаци
ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола почна системската дезинсекција за уништување на комарците и другите штетни инсекти на подрачјето на општина Новаци, како општа превентивна противепидемиска мерка за спречување на појава на заразни болести.
Акцијата се одвива согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство, а врз основа на одлуката на Советот на општина Новаци на територијата на општината да се спроведе превентивна системска дезинсекција и дератизација како против епидемиска мерка, истакна градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.
- Дезинсекцијата се врши со три третмани во овие три месеци и во интервали помеѓу третирањата од 26-30 дена. Со овие превентивни мерки ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на река Црна, подрачјата околу каналскиот систем, локалитетите со застојани водени површини, урбани населби и локалитети предвидени спроред планот и програмата. Заради избегнување на сите несакани последици, посебно ги информиравме здруженијата на пчелари кои ги има во нашата општина, посочи Котевски.
Во општина Новаци во тек е и првата фаза од пролетната систематска дератизација со која се опфатени подземниот канализациски систем во село Новаци, дератизација на јавната депонија „Мегленци“ и на други локации во општината.
Ново на Сител
-
Прво проверка, потоа поврат на ДДВ
-
Нов случај на западно нилска треска - Пациент од струмичко хоспитализиран на Инфективна
-
Дрвокрадци пустошат преку 30 000 кубни метра дрва годишно, институциите молчат
-
Трипуновски домаќин на годишниот работен состанок на министри на ЈИЕ
-
Стартува примената на есенската кошничка
-
Законот за бранителите во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДМС и ДУИ потрошиле 100 милиони евра без критериуми
-
Странски студенти на УГД Штип