Муртезани во Брисел го претстави планот со кој ќе ја враќаат довербата во правосудството
Членките на Унијата даваат подрршка за полноправно члленство на земјите од Западен Балкан но по систем на заслуги, порача хрватската министерка за европски прашања, по состанокот на Советот за општи работи на кој за прв пат присуствуваше и Македонија како земја кандидат.
Владеењето на правото и спроведените реформи остануваат во областите на кои треба да се направат неопходните реформи. Според министерот за европски прашања на Унгарија која е земја претседавач со ЕУ, потребно е присуство на земјите од Западен Балкан, за да се разговара со нив, а не за нив и реформите кои треба да ги спроведат.
Според комесарот за правда на Унијата, Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора направиле напредок во спроведување на реформите во правосудството.
Македонскиот министер за европски прашања Орхан Муртезани пред земјите членки го претстави новиот четиригодишен план на Владата, по препораките на оценската мисија со кој ќе ја враќаат довербата во правосудството во Македонија.
Северна Македонија направи значителен напредок во реформите во правосудството, фокусирајќи се на независноста, ефикасноста и професионализмот. Нашата Развојна секторска стратегија за правосудство (2024 – 2028) и Акцискиот план за спроведување на Развојната секторска стратегија за правосудство (2024 – 2028) ќе ги продлабочат овие напори, со акцент на ревидирање на правосудното законодавство во согласност со препораките од оценската мисија, истакнал Муртезани.
Македонија, заедно со Србија, Албанија и Црна Гора за прв пат беше поканета да пристуствува на Советот за општи работи, како земји кандидати за членство, додека со Унијата претседава Унгарија.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар