Превентивна дезинсекција во општините Могила и Новаци
Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје-Битола, вечер од 19 часот ќе стартува со втората фаза од превентивната систематска дезинсекција.
Акцијата ќе се реализира на подрачјето од општините Могила и Новаци, а со цел уништување на комарците, информираат од таа здравствена установа.
Во општина Могила со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини, подрачјата по течението на реки, водотоци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Могила, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата, додека пак во општина Новаци ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на река Црна, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Новаци, локалитети со застојани водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN, нагласуваат од ЈЗУ ЦЈЗ-Битола.
Ново на Сител
-
Муцунски: Усвоени измените на Законот за надворешни работи
-
Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“
-
МВР со детали за сообраќајната несреќа на новиот експресен пат Прилеп - Градско
-
Црна Гора го одбележува Денот на независноста
-
Познати полуфиналните двојки во ракометниот Куп на Македонија
-
Тројца напаѓачи би можеле да го напуштат Ливерпул ова лето
-
Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да освојувам Гренд слем титули
-
Заврши соработката меѓу Работнички и Станиќ