-->
-->
Превц победи во Гармиш
-->

Словенечкиот ски-скокач Петер Превц победни на денешниот натпревар од Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ што се одржа во германскиот Гармишпартенкирхен. Тој во двете серии имаше скокови со должини од 133,5 и 136 метри и собра вкупно 272,7 поени што му ја донесе и првата победа на скокалница од Новогодишната турнеја.
Второто место по одличниот скок во втората серија го освои Кенет Гангнес од Норвешка. Тој освои 260,1 поен (скокови 132 и 134 метри). На третото место на подиумот се искачи Германецот Зигмунд Фројнд кој имаше скокови со должина од 133,5 и 132,5 метри и освои 256,8 поени.
Два два одржани натпревара од Новогодишната турнеја води Превс со 572, 6 поени, пред Фројнд кој има 564, а третопласиран е Австриецот Михаел Хајбек со 551,5 поени. Во генералниот пласман Превц, за кого ова беше четврта победа сезонава е лидер ос 724 бодови, пред Фројнд со 559.
Следниот натпревар ќе се одржи на 3.јануари во недела во Инсбрук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
