Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба
Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата.
Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени во традиционалните галички свадбарски носии, на настанот ќе говорат Огнен Караѓозовски, претседател на Месната заедница Галичник, и Марија Мининчиќ, менаџер за партнерства со заедницата на Пивара Скопје - традиционален партнер на Галичка свадба.
Манифестацијата ќе се одржи на празничниот петровденски викенд, од 11 до 13 јули во Галичник.
Конкурсот за избор на младенци за Галичка свадба 2025 беше отворен до 20 април. Согласно конкурсот, предност при изборот имаат кандидати со потекло од Галичник (двајцата или еден од нив), веќе биле дел од Галичката свадба во друга улога, кои се активни членови на месната заедница и се парови за кои тоа ќе биде прв црковен брак.
Ново на Сител
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари
-
Преглед на вестите од светот
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот