-->
-->
Претставниците на Г20 повикаа на поголема соработка во решавање на конфликтите
-->
Претставниците на водечките светски сили, на средбата на Г20 во Бон, повикаа на поголема соработка во решавање на актуелните конфликти и спречување на идните кризи.
Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел по состанокот изјави дека ниту една одделна земја не може сама да ги решава прашањата како што се климатските промени, тероризмот и масовните миграции, преносоа американските медиуми.
-Тоа може да се стори само преку соработка и отвореност, а не со повлекување во сопствените национални крлушки, рече тој пред новинарите во Бон.
Габриел додаде дека сите делегации го поддржале повикот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за поддршка на мултилатералната дипломатија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25