-->
-->
Претставници од кумановскиот музеј во посета на Универзитетот Оксфорд
-->

На покана на факултетот за класични студии на Оксфордскиот Универзитет, во Центарот за класични и византиски студии од 18 до 21 октомври во студиска посета престојуваа стручни лица од кумановскиот музеј, соопштија денеска надлежните од установата.
Во рамки на посетата предавање од областа на византиската арехеологија и уметност одржа археологот од Музеј Куманово Дејан Ѓорѓиевски.
- Во рамки на меѓународниот проект на истражување на локалитетот Костоперска Карпа, пак, одржавме работен состанок и ги прецизиравме насоките согласно кои ќе продолжат истражувањата за локелитеттот Костопоерска Карпа, изјави Дејан Ѓорѓиевски археолог од кумановскиот музеј.
Посетата на Оксфордскиот Универзитет се одржа на иницијатива на професор Ине Јакобс од University College – Оксфорд.
- На предавањето беа соопштени резултати од сопствените истражувања на археологот на кумановскиот музеј, а се однесуваат на ретки претстави на светители претставени на предмети од слонова коска и на една фреска од Македонија, изјави денеска директорката на музејот Анита Цветановска.
Во рамките на посетата, директорот на музејот и раководителот на проектот од македонска страна оствариле средби со партнерите од англиските универзитети, на кои биле прецизирани и плановите за натамошна соработка помеѓу институциите.
Воедно, од НУ Музеј била остварена и средба со директорот на античкиот оддел на Ashmolean Museum - др. Пол Робертс, на која била изразена иницијатива за меѓусебна соработка помеѓу институциите.
- На крајот беше заеднички заклучено дека ваквиот тип на соработка на Музејот Куманово со најдобрите светски универзитети и музеи претставува извонреден импулс за подготвување на нови проекти и афирмирање на македонската научна јавност во светски рамки, изјави Цветановска.
Кумановскиот музеј веќе трета година го истражува локалитетот „Костоперска карпа“ во соработка со археолози од овој универзитет, а пред две години музејот потпиша договор со три универзитети од Велика Британија, Оксфорд, Сауттемптон и Единбург. На истражувањата беа постигнати значителни резултати и беа применети мерки коишто дотогаш не беа применети во истражувањата. Посетата е финансиски поддржана од Министерството за култура и помогната од Фондацијата Кирил Трајковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Топ-листа на десетте најдобри божиќни филмови на сите времиња
-

Мадуро пред судот во Њујорк: Јас сум киднапиран и сè уште сум претседател на Венецуела
-

Трамп ги предупреди Гренланд, Колумбија, Мексико, Куба и Иран
-

Алонсо: Гарсија е совршен пример за тоа што значи да се биде производ на академијата на Реал
-

Манчестер јунајтед го отпушти Аморим
-

Го истепал вработениот на патарината Петровец, па со aвтомобилот ја скршил рампата и го напуштил местото
-

Ѓорѓиевски: Нема компромис со загадувачите - изречени се казни до 53.000 евра
-

Мицкоски: Чекориме кон современо одржливо и европско управување со отпадот
