Претставници на Град Скопје на „Европска недела на региони и градови“
Делегација од Град Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски, од денеска до четврток во Брисел ќе учествува на 13-то издание на „Отворени денови - Европската недела на региони и градови".
На овој традиционален четиридневен настан, кој првпат е организиран во 2003 година од Комитетот на регионите при ЕУ, градовите и регионите од Европа имаат можност да се претстават пред јавноста, а целта е подобрување на соработка на локално и на регионално ниво.
Градот Скопје, годинава по првпат, во рамки на манифестацијата ќе организира отворен ден, што ќе се одржи во Мисијата на Република Македонија во Брисел. На овој отворен прием сите учесници во Отворените денови ќе имаат можност да се запознаат со македонската традиционална кујна, вино и музика.
Како што информираат од Град Скопје, во рамки на манифестацијата, Трајановски ќе ја потпише „Зелената дигитална повелба" (Green digital charter) со која градовите се обврзуваат да преземат активности за намалување на последиците од климатските промени преку користење информациски и комуникациски технологии за развој (ИКТ).
Отворените денови се сметаат за одлична платформа за вмрежување меѓу градовите и регионите, размена на искуства и добри практики во повеќе области, како што се економскиот развој и социјалната инклузија, јавното-приватно партнерство, прекуграничната соработка, регионалните иновации и локалниот економски развој.
На годинашново издание на „Отворени денови - Европската недела на региони и градови" ќе учествуваат околу 6.000 претставници од повеќе од 200 региони и градови од Европа, а во работниот дел ќе се одржат над 140 дебати и работилници.
Ново на Сител
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц
-
Гутереш по повод Светскиот ден на бегалците: Да избереме солидарност, храброст и човечност
-
Макрон: Нема оправдување за нападите врз цивилното население во конфликтот меѓу Израел и Иран
-
Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна
-
Повторно поскапува дизелот
-
ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот