-->
-->
Претстави и костимски перформанси на Фестивалот „Импакт“ во Велес
-->

Третиот програмски блок на „Импакт“ фестивалот на алтернативен театар почнува денеска во Велес.
На фестивалот ќе бидат изведени пет претстави - по една од Велика Британија и Романија и три од Македонија, како и четири костимски перформанси од автори од Бугарија Либан, Данска и Ирска, кои ќе се одржат на улиците на Велес. Во тие рамки првпат во Македонија и во Велес ќе гостуваат дел од учесниците на Квадриналето во Прага.
Во рамки на Фестивалот вечер во клубот „Тарантино“ ќе биде изведена претставата „Ајде да имаме секс“ на Теа Беговска, а утре на програмата е претставата „Со љубовта шега нема“ на Интимен театар од Скопје. На 5 ноември ќе биде изведена претставата „Бакхи“ на театарот од Тони Буландра од Романија, на 6 ноември ќе биде изведена претставата „Љубов“ на Петар Милошески од Велика Британија, а на 7 ноември премиерно ќе биде изведена претставата „Класен непријател“ на Велешкиот театар.
Фестивалот „Импакт“ е финансиски подржан од европските фондови, од германската фондација „Алијанс“, а годинава првпат од Министерството за култура и со техничка поддршка на Велешкиот театар каде се одржуваат дел од претставите на „Импакт“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
