Претставени технички решенија за заштита и управување со информации
Технички решенија неопходни за спроведување на соодветни политики и имплементација на решенија за безбедност, заштита и управување со важните и доверливи информации, беа презентирани на денешната конференција „Моделирање на иднината за заштита и управување со информациите“ во организација на Некстсенс.
Игор Кузевски од Дирекцијата за заштита на личните податоци, рече дека главна тема на конфернецијата е новата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци, што со соодветен Закон за заштита на лични податоци ќе биде преточена во нашето законодавство.
- Самата регулатива бара многу технички решенија што ќе помогнат во обработката на личните податоци. Од тие причини беа презентирани повеќе технички решенија кои ќе бидат на линија со новиот Закон за заштита на личните податоци, изјави Кузевски.
Она што досега го немаше во нашиот закон, посочи тој, а се воведува како нови начела се проценка на влијанието на приватноста според соодветен стандард, што во пракса значи дека сите софтвери ќе треба да гарантираат соодветна заштита.
Според Даниел Даниловски од „Некстсенс“, на конференцијата ќе бидат претставени решенија со чија помош компаниите, организациите и институциите ќе може да ги направат своите ИТ системи да бидат во согласност со новата регулатива и ќе им помогнат во автоматизирање на процесите за управување и обезбедување на податоци.
- При електронската размена на податоци би требало сите овие технички мерки да бидат во некој обем имплементирани во самите организации со цел да се гарантира безбедноста на тие податоци, да се спречи нивното несакано губење и евентурално злоупотреба од некои неовластени лица, изјави Даниловски.
Ново на Сител
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?