-->
-->
Претставени можности за изградба и управување со станица за отпадни води во Скопје
-->
Три потенцијални можности за управување, изградба и одржливо работење на предвидената пречистителна станица за отпадни води во Скопје, беа претставени на денешната работилница одржана со цел изнаоѓање на најдобар начин за задоволување на целите и трајно исполнување на европските и македонските стандарди за заштита на животната средина.
Проектот „Студија за финансирање, изградба и работа на пречистителната станица за отпадни води во Скопје“ се реализира преку финансиската поддршка на Фондот за студии и помош на приватниот сектор – ФАСЕП и француската Влада.
На работилницата присутвуваа министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и француската амбасадорка Лоренс Оер.
Градоначалникот Трајановски на отворањето рече дека изградбата на идната пречистителна станица за отпадни води на Градот Скопје е еден од најважните и најголемите проекти на Градот и дека тој веќе работи на подготовките, кои опфаќаат активности за оформување на фекалната и атмосферската канализација и подготовка на инсталациите за постигнување на потребниот квалитет на отпадните стопански води.
- Градот Скопје изминатиот период работи исклучително посветено и во последните години покрај 144.350 метри водоснабдителни инсталации има изградено и 188.982 метри фекална и 76.200 метри атмосферска инсталација. Во тек е објавување тендер за изградба на главните фекални колектори на десната и левата страна на реката Вардар кои ќе бидат финансирани преку ИПА програмата, рече Трајановски.
Министерот Амети рече дека проектот е од исклучително национално и прекугранично значење за заштита на животната средина и изрази очекување дека студијата ќе го дефинира најдобриот пристап за изградба и управување со станицата.
- Министерството за животна средина и просторно планирање преку овој и многу други проекти продолжува во насока на постигнување на со Устав загарантираното право на здрава животна средина и одржлив развој на општеството, како за сегашните, така и за идните генерации, рече Амети.
Амбасадорката Оер изрази благодарност до Градот Скопје и Министерството за животна средина за поддршката на проектот, што се спроведува веќе 17 месеци, бидејќи претставува еден голем комплициран проект што бара многу подготовки. Посочи дека со денешното присуство се покажува колку голема важност се дава на целиот проект.
Претставените модели опфаќаат неколку можности за јавно-приватно партнерство и начини за управување со станицата, додека според првичните пресметки капиталната инвестиција за изградба изнесува 120 милиони евра. Првата и наједноставна опција предвидува 100 процентно јавно менаџирање, втората опција предвидува потпишување договори за изградба и плаќање од страна на Градот за користење на услугите, додека третата е со избор на концесионер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет
-
Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Тошковски: Постапуваме за дивоградбите, имаме наредба од ЈО, резултати наскоро ќе бидат видливи
-
Обвинителството поднело жалба за мерката куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на Кеј и избега
-
Бајач oд скопско наплатил 400.000 евра на брачен пар за да растури „зла магија“ направена на нивниот син | ФОТО
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни