Претставен системот за присилно запирање „Стингер“, дел од ИПА проектот за јакнење на капацитетите на БЈБ
Во Центарот за обука во Идризово денеска беше претставен системот за присилно запирање „Стингер“ на возила, како еден сегмент од обуката која се одбвива во рамки на проектот ЕУ - ИПА за јакнење на капацитетите на полицијата односно на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).
По завршувањето на денешната презентација 32-ца припадници од БЈБ кои ја завршиле обуката за контрола на возилата во сообраќајот, добија сертиофикати врз основа на кој ќе ги оспособуваат нивните колеги за присилно запирање возила, како еден мал сегмент од обуката која се однесува на контрола на возила, на безбедност во однос на пристап кон возила и на полицискиот службеник, со акцент на потенцијални сторители на кривични дела кои можат да бидат во возилата.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој присуствуваше на презентацијата, им се благодари на претставниците од ЕУ кои, потенцира, вложуваат и заеднички со нас ги прават сите напори за развој на македонската полиција.
- Овој проект мора да продолжи затоа што сите професионални кадри во МВР се длабоко свесни за важноста на ваквите проекти и за развојот на полициското работење, затоа што пред се значи зголемување на интегритетот, ефикасноста и доближувањето на полицијата до граѓаните на РМ, а од друга страна имаме градење доверба на граѓаните кон македонската полиција, изјави министерот Спасовски.
Проект менаџерот Александар Кребле истакна дека стратегијата за развој на полицијата промовирана во јануари, претставува платформа за сите обуки кои ќе се одвиваат оваа година.
- Ќе има обуки во четири полициски компоненти и тоа општо полициско работење, што значи јавен ред и мир, сообраќајно и гранично полициско работење и борба против организиран криминал, како една од најважните компоненти во проектот, појасни Кребле.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор