Претставата „Кожа“ на Скопје танцов театар вечерва во Велес

Претставата „Кожа“ на Скопје танцов театар, во кореографија на Матеа Киселичка, Адријана Данчевска и Рисима Рисимкин, вечерва во рамки на тринаесеттото издание на фестивалот „Танц фест 2017“ ќе биде изведена на сцената на Велешкиот театар.
Во претставата учествуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Александра Петрушевска, Јакуб Мунко, Дејан Битровски, Тринга Хиса, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Матеа Киселичка, Адријана Данчевска и гостите од Кина, Ванг Нинг и Ли Је.
Претставата, како што информираат организаторите, е составена од три кореографии „Котел“ на Рисима Рисимкин, на оригинално направена музика на Тони Китановски, „Погрешно“ на Адријана Данчевска, на музика на групата „Верка“ и кореографијата под наслов „Истиот извор“ на Матеа Киселичка, со избор на музика од повеќе автори. Костимите за целата претстава се на Благој Мицевски.
Свеченото затворање на фестивалот ќе биде утревечер на сцената на Велешкиот театар со претставата „Колевка”, во кореографија на Грегор Луштек.
Во претставата учествуваат Анастасија Данчевска, Жиган Крајнчан, Ева Кронберга, Јанис Путниш, Кристина Шајтошова, Жонг Жен, Лиу Јутинг, Ли Ченже, Пао Јухонг, Феи Гуанхан, Фен Дандан и други.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
