Свет
11. August 2019 - 12:33

Претседателски избори во Гватемала

Во Гватемала денеска се одржуваат претседателски избори, а новиот претседател се соочува со голем предизвик, откако земјата се согласи да биде безбедна трета земја за мигрантите под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп.

Гласачите избираат меѓу конзервативниот кандидат Алехандро Џиаматеи и неговата ривалка од редовите на левиот центар, поранешната прва дама Сандра Торес. И двајцата кандидати го критикуваа договорот за мигранти, но, според аналитичарите, не се очекува кој и да е од нив да преземе нешто по тоа прашање.

Анкетата, спроведена помеѓу 29 јули и 5 август, го фаворизира Џиаматеи со 39,5 проценти од гласовите, додека Торес има поддршка на 32,4 проценти од испитаниците.