Претседателски избори во Германија
Германија денеска ќе добие нов претседател, кој се избира во Парламентот, а според договорот на најголемите партии, тоа ќе биде Франк-Валтер Штајнмајер.
Сојузниот уставен суд во 2014 година потврди дека претседателот на Германија ја претставува земјата при посетите во странство. а на внатрешен план го симболизира единството на земјата. Неговата функција и задачи се значително редуцирани поради искуството од нацистичка Германија.
Претседателот се залага за човековите права, промовира владеење на правото и демократски дијалог. Негови основни теми исто така се обезбедување на мир. борба против тероризмот, европско единство и заштита на климата и природната средина.
Шефот на германската држава го предложува канцеларот, именува и разрешува министри, како и сојузни судии, високи државни функционети и воени лица.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце