Претседателот Пендаровски во официјална посета на Хеленската Република
Претседателот Стево Пендаровски на 5 и 6 октомври ќе престојува во дводневна официјална посета на Хеленската Република.
Како што најавија од претседателскиот кабинет, во вторник на 5 октомври, Пендаровски во претседателската палата во Атина, на официјална церемонија со државни и воени почести, ќе биде пречекан од претседателката на Хеленската Република, Катерина Сакеларопулу, по што ќе се одржат тет-а-тет средба, и пленарен состанок на делегациите на двете држави.
Претседателот Пендаровски ќе оствари средба и со премиерот на Хеленската Република, Киријакос Мицотакис, а ќе се сретне и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис.
Во рамки на посетата, Пендаровски ќе положи венец пред Споменикот на незнајниот војник на платото пред Парламентот на Хеленската Република, ќе го посети музејот Бенаки, каде што е предвидено разгледување на архивата на Константинос Доксијадис и ќе оствари средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Хеленската Република, Џефри Пјат.
За време на посетата, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, која што во рамки на дамската програма, ќе ја посети Националната галерија во Атина, во придружба на Лина Мендони, министерка за култура и спорт на Хеленската Република.
Инаку, официјалната посета на претседателот Пендаровски на Хеленската Република претставува прва историска посета што ќе се реализира на највисоко ниво меѓу двете држави.
Ново на Сител
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
-

Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
-

Лицата со ретки болести бараат еднакви можности како сите
-

Нема привремено решение за камионџиите, правилото 90/180 останува да важи
-

Јаневска: Усвоивме дел од забелешките за Законот за високо образоваине
-

Македонија се приклучи на спортските игри за млади
