Претседателот Пендаровски се сретна со пратеници од Европскиот Парламент
– Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими европратениците Тинеке Стрик и Рајнхард Бутикофер, претставници од Зелените/Групата на Европска Слободна Алијанса од Европскиот Парламент.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, беше разговарано за текот на евроинтеграциите на Северна Македонија од аспект на скрининг процесот, реформските активности што ги презема земјава и прилагодување со европското законодавство, како и за актуелните случувања во Европската Унија.
Претседателот Пендаровски истакна дека е неопходно да се посвети посебно внимание на реформите во областа на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и изрази очекување дека европските институции ќе дадат максимална поддршка и ќе го забрзаат процесот на пристапување на Северна Македонија со што ќе се овозможи земјава да ги почувствува конкретните придобивки во текот на преговорите.
На средбата со европратениците, претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашната поддршка од Зелените/Групата на Европска Слободна Алијанса и посочи дека земјава е отворена за натамошна соработка.
Ново на Сител
-

Минчев: Како коалиција сме во завршна фаза на нов закон каде ќе има употреба на јазиците на етничките заедници
-

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне
-

Шест и пол тони Кокаин заплени на брод кај Канарските Острови
-

Нетанјаху: Израел ќе одреди кои странски војници ќе учествуваат во меѓународните сили во Газа
-

КБК Шампион прогласен за најдобар во рингот на Балканскиот куп во Тешањ - БиХ
-

Македонските кикбоксери со 20 медали од Европскиот куп „Балкан опен“ во Тешањ - Босна и Херцеговина
-

Силекс дојде до нова победа и ја продлабочи кризата на Пелистер
-

Ѓорѓиевски: Потпишана декларација за обединување за подобро Шуто Оризари
