Претседателот Пендаровски по ниту еден основ не го дискредитира ЈO, реагира неговиот Кабинет

Претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање на вчерашната прес-конференција по ниту еден основ не го дискредитира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ), ниту постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек, реагира Кабинетот на шефот на државата по денеска изнесениот став на ЈОРСМ во врска со изјавата на Пендаровски за случајот „Рекет“.
- Потенцираме дека претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакна дека ќе стори се за да ги заштити од евентуалните притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот „Рекет“, стои во реакцијата.
Кабинетот на Пендаровски уште еднаш укажува дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“, почитувајќи го начелото на презумпција на невиност.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
