Претседателот Пендаровски на средба со Ердоган во Анталија
Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на Самитот на претседатели на држави и влади на членките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа, што ќе се одржи во Анталија.
– Предвидено е претседателот Пендаровски да има свое обраќање на самитот, а ќе има билатерална средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Пендаровски ќе оствари средба и со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, соопшти Кабинетот на Пендаровски.
Шефот на државата утре, 18 јуни, ќе учествува на Анталија дипломатскиот форум кој се одржува првпат под мотото „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“, на кој ќе говори на претседателската панел-дискусија на тема „Како да ја зајакнеме регионалната солидарност во светло на научените лекции“.
Пендаровски во сабота, 19 јуни, во Истанбул ќе оствари средба со архиепископот цариградски, вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Ново на Сител
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период
-
Во Кисела Вода пронајден починат маж на автобуска постојка
-
Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци