Македонија
10. October 2022 - 11:28

Претседателот Пендаровски ќе одликува 13 истакнати дејци од областа на македонската народна музика со Медал за заслуги

– Во пресрет на 11 Октомври – Денот на народното востание претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ќе ги одликува Анка Гиева и Виолета Томовска, и постхумно Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски со Медал за заслуги за Република Северна Македонија.

Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот Пендаровски, одликувањето се доделува за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки.