-->
-->
Претседателот Пендаровски ќе го врачи мандатот за состав на Влада
-->
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре - 13 август, четврток, во 12:00 часот, мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, соопштуваат од кабинетот на Пендаровски.
„Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме", којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата,“ велат од кај Пендаровски.
Ваквата формулација од кабинетот не наговестува дека Заев има сигурно мнозинство од 61 пратеник.
Катерина Нешкова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце