Претседателот Пендаровски ja пречека словачката претседателка Зузана Чапутова
На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска ја пречека претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации. Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, во фокусот на разговорите се билатералните односи, словачките искуства од процесот во пристапување во ЕУ, сојузништвото во НАТО и безбедносните предизвици во регионот и Европа.
Претседателот Пендаровски се заблагодари за искрената словачка поддршка за македонските евроинтеграции и посочи дека нашиот пристапен процес започнува во критичен момент за европската безбедносна архитектура. Тој изрази очекување од земјите-членки на Унијата за подинамичен пристап и проактивност кон проширувањето на Европската Унија.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница