Претседателот Пендаровски го пречека латвискиот претседател Егилс Левиц
На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Република Латвија Егилс Левиц, со што започна неговата официјална посета на Република Северна Македонија.
![]()
Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.
– Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи, политиката на проширување на ЕУ, безбедносните предизвици во поширокото соседство во контекст на руската воена инвазија врз Украина и други актуелни геополитички теми, соопштија од Кабинетот на претседателот.
![]()
Пендаровски се заблагодарил за континуираната и принципиелна латвиска поддршка за остварувањето на надворешно-политичките приоритети на земјата, укажувајќи на балтичките земји како одличен пример за трансформација на општествата, преку евроинтегративниот процес.
– Евроатлантската интеграција на Западниот Балкан носи подеднакво безбедносна сигурност за континентот, како што тоа е случај и со балтичкиот регион, потенцираше Пендаровски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
