Претседателот на Светска банка поднесе оставка
Претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким, неочекувано поднесе оставка, откако шест години беше на чело на водечкиот глобален заемодавач.
Американецот Ким ќе се повлече на 1 февруари, неколку години пред официјално да заврши неговиот мандат.
Ким е лекар и антрополог, кој претходно водеше проекти за борба против туберкулоза и СИДА во некои од најсиромашните нации во светот. Тој беше прв претседател на банката со директно искуство во борбата против сиромаштијата и прв кој нема искуство во областа на политиката или финансиите.
Како шеф на Светската банка, тој ја поттикна институцијата да стори повеќе за да ја елиминира екстремната сиромаштија. Во неговата оставка Ким истакна дека работи на изнаоѓање иновативни начини за финансирање на борбата против пандемијата и за да им помогне на луѓето раселени од климатските промени. Тој, исто така, рече дека работел со Обединетите нации и водечки технолошки компании за откривање и спречување на гладот.
Извршната директорка на Светската банка Кристалина Георгиева ќе биде привремен претседател на банката. Таа е бугарска државјанка со искуство во областа на финансиите и меѓународниот развој.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228