Претседателот на Швајцарија во дводневна посета на Србија

Во дводневна посета на Србија од денеска ќе биде претседателот на Швајцарија Ги Пармелан каде домаќин ќе биде претседателот Александар Вучиќ.
Двајцата претседатели ќе присуствуваат на потпишувањето на Договорот за Швајцарско-српската програма за иновации.
Амбасадорката на Швајцарија во Србија, Ан Лугон-Мулен изјави дека Пармелан доаѓа, меѓу другото, за да започне нова стратегија за соработка меѓу двете земји за следните четири години со проекти во областа на економскиот развој, управувањето и зелената транзиција.
Таа додаде дека 600 швајцарски компании работат во Србија, како и дека двете земји имаат договор за партнерство во областа на миграцијата кој постои веќе 15 години.
Швајцарските федерални власти (EAER) претходно објавија дека за време на посетата на Пармелан ќе биде одбележана 110-годишнината од односите меѓу двете земји и ќе биде лансирана нова програма за соработка.за периодот од 2026 до 2029 година.
Пармелан ќе има средба и со српскиот премиер Ѓуро Мацут, ќе посети научно-технолошки парк поддржан од Швајцарија и ќе се сретне со бизнис лидери од двете земји.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
-

Струјата нема да поскапи, се разгледува опцијата за пониско ДДВ кај храната
