-->
-->
Претседателот на РК Преспа ја загуби борбата со коронавирусот
-->
Ракометниот клуб Преспа вчера соопшти тажна вест за сите свои фанови и приврзаници.
По долга борба со коронавирусот животот го загуби претседателот на клубот, 41-годишниот Илче Котевски. Информацијата беше споделена на Фејсбук профилот на клубот.
„Почивај во мир претседателе. За жал ракометниот клуб Преспа загуби член од семејството, човек кој придонесе премногу за овој ракометен клуб. Секогаш ќе живееш во нашите срца“, соопштуваат од РК Преспа.
Котевски е поранешен член на екипата на Преспа, а роден е на 27 јули 1978 година.
Оваа смрт е прва на спортист или спортски работник во нашата земја од вирусот ковид-19. Спортска Македонија упатува сочувство до семејството и до поранешниот шампион на Македонија, РК Преспа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?
-
Бојкотот на маркетите – аларм за трговците и власта
-
Советниците на Град Скопје пак не дозволија да се набават нови автобуси за ЈСП
-
Грипот во пораст – Комисијата за заразни болести ја следи состојбата
-
Седница за пратенички прашања во Собранието