Бојкотот на маркетите – аларм за трговците и власта
Бојкотот на меркетите е само аларм, порака за трговците, кои енормно ги зголемија цените, но и за власта, која треба да делува. Без институционална поддршка и без системски мерки, не пазарањето еден ден ќе нема ефект. Ова е ставот на експертите за утрешниот бојкот.
Треновски повикува - производителите да излезат и да кажат како ја формираат цената, трговците да ги објават маржите, а институциите да контролираат и казнуваат.
- Не може едно сирење да е 44 денари поскапо во еден маркет, 23 во друг.. Нека излезат и кажат како се формира цената, колку маржа ставаат трговците, изјави Борче Треновски, универзитетски професор.
Цените изминатиoв период значително се зголемија, а стандардот опадна. Затоа народот е гневен и бара одговори. За да се спречи тоа, Треновски предлага скрмниот капацитет на институциите кои треба да контролираат и казнауваат, веднаш да се зајакне.
Заедничко делување на терен со инспекторите од КЗК и пазарана ќе следува наредните денови, откако денеска овие две институци потпишаа Меморандум за соработка. Премиерот Мицкоски најави итни реакција и ригорозни мерки ако се покаже дека дел од маркетите бараат поголем рабат од законскиот максимум од 10 отсто и нереално ги билдаат цените.
Во меѓувреме, бојкотот на маркетите кој почна од Хрватска, се прошири во сите земји од бивша Југославија. Утре Стоп за високите цени на трговците ќе им кажат и граѓаните во Србија. Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија
Во Хрватска денеска почна еднонеделниот бојкот кој се однесува на 3 големи маркети, а утре ќе следува на сите. Во исто време Владата ги замрзна цените на 70 основни производи и го намали ДДВ на дел од нив. Во Словенија од денеска, по 2 дена ќе се блокираат по 2 големи маркети и бојкотот ќе трае до 9 февруари, иако цените за една година таму се зголемија за само 2 отсто и поскапувањето е помало во споредба со просекот на Европската Унија.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар