Претседателот на Казахстан тврди дека редот во државата е „во голема мера вратен“
– Претседателот на Казахстан денеска тврди дека уставниот поредок главно е воспоставен во таа централноазиска земја, по неколкудневните смртоносни немири предизвикани од зголемувањето на цената на горивото. „Силите за спроведување на законот работат напорно. Уставниот поредок е во голема мера вратен во сите региони“, наведе претседателот Касим-Жомарт Токаев во изјавата, додавајќи дека безбедносните операции ќе продолжат „до целосно уништување на милитантите“.
Токаев се очекува да и се обрати на нацијата во текот на денот, според државната телевизија.
Вооружени демонстранти водеа битки со владините сили во најголемиот град во Казахстан, Алмати, во државата што долго се сметаше за една од најстабилните од поранешните советски републики во Централна Азија.
Министерството за внатрешни работи на Казахстан денеска соопшти дека 26 „вооружени криминалци“ биле „ликвидирани“, а повеќе од 3.000 од нив се приведени, додека 18 полицајци и припадници на националната гарда биле убиени од почетокот на протестите оваа недела – најголемите немири во земјата од независноста стекната пред три децении.
Рафали од огнено оружје продолжија да одекнуваат низ улиците на Алмати доцна вчера, еден ден откако демонстрантите упаднаа во неколку владини згради и ги опожарија.
Локалните медиуми јавија дека безбедносните сили ги протерале демонстрантите од плоштадот и другите клучни владини згради, но има извештаи и за пукотници на други места во градот.
Првите единици на руските сили од мировните сили предводени од Москва во меѓувреме пристигнаа во Казахстан, соопшти руското Министерство за одбрана, откако владата на Казахстан апелираше за помош.
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани