-->
-->
Претседателот на Хондурас позитивен на Ковид-19
-->
Претседателот на Хондурас Хуан Орландо Хернандез е позитивен на Ковид-19, прима терапија и работи од дома и со помош на соработници, соопшти неговиот Кабинет.
– Како претседател на нацијата и одговорен граѓанин, сакам да кажам дека во текот на неделата почнав да се чувствувам полошо и денеска ми беше дијагностициран Ковид-19, рече Хернандез за време на телевизиското обраќање до нацијата.
Според него, тој има благи симптоми и веќе се чувствува подобро од примената терапија, но ќе остане во изолација до одлука на лекарите. Вели дека добива коктел лекови, вклучувајќи микродацин, азитромицин, ивермектин и цинк.
Со вирусот се заразени и неговата сопруга и двајца соработници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
