Претседателот на Европскиот парламент се заложи за формирање европски ФБИ за борба против тероризмот
Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, во интервју за шпанското радио „Онда серо“ изјави дека во Европа треба да се формира агенција како ФБИ во САД за борба против терористичката организација „Исламска држава“, јави ТАСС.
Според него, ИД се обидува да изврши напади низ целиот континент.
- Ние мораме да работиме заедно, бидејќи соработката понекогаш е недоволна, изјави Тајани.
Според него, многу повеќе може да се направи во врска со интеракцијата помеѓу националните обвинителства, полицијата и разузнавачките служби, и треба да постои ФБИ во Европа за борба против ИД.
Претседателот на Европскиот парламент го истакна фактот дека во Европа има малку имами кои зборуваат шпански, италијански или германски, а „не само арапски". Според него, имамот Абделбаки ал Сати, осомничениот организатор на терористичкиот напад во Барселона, „е терорист, кој не зборувал за религијата“.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите