Претседателот на БЕСА Гаши се сретна со британската амбасадорка Галовеј

Денес во централното седиште на Движењето БЕСА во Скопје претседателот на Движењето БЕСА, Африм Гаши, оствари средба со Амбасадорот на Велика Британија во Македонија, нејзината Екселенција, госпоѓата Рахел Галовеј.
Тема на дискусија на оваа средба беше актуелната политичка ситуација и начини за излез од оваа криза. Претседателот Гаши најпрвин и се заблагодари на Велика Британија за придонесот и дадената поддршка во текот на овој процес и ја увери амбасадорката дека Движењето БЕСА прави се што е во нејзина можност да се надмине кризата и да се започне со имплементација на Преспанскиот Договор. Претседателот Гаши исто така уште еднаш го изрази ставот дека Движењето БЕСА е спремна да ги гласа уставните измени во Собранието кои извираат од Преспанскиот договор.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
