Претседателот Ковачевски со честитка за Божиќ : Да создаваме добри дела и да си помагаме, заедно да градиме поубав свет за сите
 Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски по повод големиот празник Христовото раѓање- Божиќ во свое, и во име на СДСМ упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Република Северна Македонија, Д-р Киро Стојанов.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски по повод големиот празник Христовото раѓање- Божиќ во свое, и во име на СДСМ упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Република Северна Македонија, Д-р Киро Стојанов.
„До сите верници кои денеска го слават големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упатувам срдечни честитки со желба за здравје, благосостојба и спокој во празничните денови.
Овој голем христијански празник повикува на сплотеност, на обединување, на создавање добри дела за себе, но и за оние околу нас, затоа што славејќи го Христовото раѓање, го славиме животот, ја славиме љубовта, но и меѓусебната почит и меѓусебното помагање.
Тоа се вредностите кои заеднички градат поубав свет за сите.
Драги сограѓани, драги верници, да продолжиме да негуваме добри мисли, да правиме добри дела, не само денеска туку секој ден во годината.
Нека е честит и благословен големиот празник Христово раѓање – Божиќ, нека донесе спокој и радост во вашите домови и вашите срца“ се наведува во честитката на претседателот на СДСМ, Ковачевски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-   
           МЗ: Продолжува процесот на континуирано стручно усовршување на докторите по стоматологија
-   
           Социјалистичка партија: На 2 ноември гласаме за иднината на Македонија
-   
           Кривични пријави за наставничка и директорка од Кавадарци кои ширеле приватни пораки на нивна колешка
-   
           Скопјанец осомничен за повеќекратно загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка
-   
           Клековски: На иницијатива на Фондот за здравствено осигурување почна проценка на критериумите за здравствено осигурување
-   
           Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 1 до 5 ноември
-   
           Мицкоски за обвинувањата на Филипче за притисоци: Одговорно тврдам дека ова се најдемократски и најфер организирани избори
-   
           Раст од 2,7 проценти на индустриското производство во септември на годишно ниво







