Претседателот Иванов во работна посета на Египет
Претседателот Ѓорге Иванов од денеска до понеделник ќе престојува во работна посета на Арапската Република Египет, каде што ќе учествува на Форум на високо ниво во организација на Александриската библиотека и на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што се одржува во Каиро, соопшти Кабинетот на Претседателот.
Според најавата, Иванов ќе се обрати на воведната сесија на форумот насловена „Демократска безбедност во време на екстремизам и насилство“.
На форумот учествуваат истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, поранешни претседатели на држави, премиери и министри. Меѓу останатите теми на форумот се: „Тероризмот и уставот – рамка за акција“, „Тековни перспективи: мнозински муслимански држави“, „Тековни перспективи: западни држави“, „Меѓурелигиски дијалог – случај Египет“...
Учеството на македонскиот претседател на овие состаноци, се истакнува во соопштението, е резултат на одличната соработка со Александриската библиотека и со Меѓународниот центар „Низами Ганџави“. Претходно, претседателот Иванов има учествувано на состаноците во Баку, Софија и во Рим.
За време на работната посета на Арапската Република Египет, предвидено е претседателот Иванов да оствaри средба со египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси.
Ново на Сител
-
На „vakcinacija.mk“ пријавени над 49 000 граѓани - На располагање има 80 000 бесплатни вакцини
-
Граѓанскиот суд го забрани штрајкот на контролорите на летање, синдикатот ќе се жали
-
Ќе има ли одговорност за куќата на писателот Малески
-
Македонија добива нова национална ИКТ стратегија - СМАРТ МК 2030
-
Преглед на вестите од светот
-
Андоновски: Нова дигитална стратегија
-
Мицкоски: Излезете на гласање
-
Филипче: Секој глас се брои