-->
-->
Претседателот Иванов во Брисел на средба со Туск
-->

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел, Кралството Белгија.
Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, денеска ќе оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Шефот на македонската држава утре ќе учествува на 19. годишна сесија на Форумот за домашна и глобална безбедност, во рамки на Форумот Кран Монтана. Предвидено е Иванов да се обрати на официјалната сесија на отворањето на форумот, како и на пленарната сесија посветена на соседската политика на Европската унија, со посебен фокус на „Иницијативата три мориња“.
За време на работната посета на Брисел, претседателот Иванов ќе оствари средба со заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Реиндерс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
-

Поништени студиите на 11 студенти од Филозофскиот факултет
-

Тестот на обвинетата Димитровска го полагал друг, а таа му пишала порака дека ќе чести ручек
-

Кој ќе ги гони полицајците за „Пулс“?
