Претседателот Иванов се сретна со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов за време на работната посета на Република Турција, имаше средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I, на која биле разменети мислења за повеќе актуелни теми од взаемен интерес.
Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, го запознал Вселенскиот патријарх за актуелностите поврзани со Македонската православна црква – Охридска архиепископија и нагласил дека сите разлики и спорови треба да се надминуваат преку дијалог, во духот на христијанството и меѓусебното почитување и разбирање.
Во тој контекст, македонскиот претседател истакнал дека го охрабрува и очекува дијалогот меѓу МПЦ и СПЦ да се обнови и да се интензивира, и притоа да ги има предвид реалностите како и надежите и стремежите на верниците на двете цркви.
На средбата, претседателот Иванов му честитал на Вселенскиот патријарх за неговите иницијативи, активности и напори за обезбедување поголемо единство во православната екумена и за помирување на христијанството со другите религии и за таа цел ги поздравил неговите средби и контакти со Папата Франциско, но и со другите религиски водачи.
- Кога целиот свет со соочува со тешки предизвици, потребна е заедничка силна посветеност и заложба во одбраната на христијанските вредности и принципи, а кои настојуваме да ги споделуваме во духот на дијалогот и меѓусебната почит, истакнал македонскиот претседател.
Изразувајќи задоволство од воспоставените односи на лично пријателство и меѓусебно разбирање, Иванов истакнал дека средбите со Патријархот Вартоломеј, секогаш се карактеризираат со отвореност, искреност и меѓусебно почитување.
Ново на Сител
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот
-
Гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и оние сместени во установи за вонсемејна грижа
-
Кондарко: Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Ново Село
-
Во Прилеп гласаат 297 болно и изнемоштено лице, 63 штитеници во Домот за стари лица и 119 осудени лица во КПД Прилеп
-
Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип
-
Во понеделник интервју на кандидатите за судија во Судот во Стразбур