Претседателот Иванов: Одлуката на МНР за протерување на рускиот дипломат е избрзана
Претседателот Ѓорѓе Иванов смета дека одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР) за протерување на рускиот дипломат е избрзана.
„Република Македонија, како земја кандидат за членство во Европската унија, ја следи политиката на ЕУ, и нивните одлуки донесени по пат на консензус и на ниво на ЕУ.
Со оглед на тоа дека одлуките за протерување на руски дипломати не претставуваат израз на усогласени ставови на сите земји-членки на ЕУ, туку се работи за индивидуални одлуки на поедини земји-членки, Претседателот на Република Македонија смета дека одлуката на македонското МНР е избрзана.
Претседателот на Република Македонија повикува на воздржаност од избрзани чекори во надворешната политика, за да се спречи можното нанесување на штета во остварувањето на стратешките цели на Република Македонија.
Претседателот на Република Македонија, согласно позитивната законска регулатива, очекува да биде официјално информиран за посочените факти во јавноста, поврзани со овој случај“ - стои во соопштението испратено од Кабинетот на Претседателот Иванов
Ново на Сител
-
Пред пратениците на 58. седница предлог-законите од Реформската агенда
-
Мерц е за „брз и едноставен“ трговски договор со САД, Макрон за „избалансиран“
-
Второ пријавување за упис во средните училишта на 30 јуни, слободни над 16 000 места
-
Стан изгоре во пожар во Делчево
-
Заклучоци на Самитот на ЕУ: Иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија
-
Кошта: Да изградиме заеднички европски одбранбен систем што ќе ја одвраќа секоја агресија
-
Муцунски: Нема да има промени на нашите позиции за уставните измени ни по локалните избори
-
Сончево и многу топло, до 40 степени